МИР БОЖЈИ - ХРИСТОС СЕ РОДИ
“Ете, девојка ќе затрудни и ќе роди син и неговото име ќе биде Емануел“, што во превод значи “Бог е со нас“ (Мт 1,18-25). Со поздравот: Христос се роди! - ние веруваме и се исповедаме дека во Бетлеем се роди Христос, син Божји, по Неговата желба!
НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БРАТСТВОТО СВЕТИ ЈОВАН
На годишното собрание на Братството Свети Јован, кое што се одржа на 30 Мај 2020 година во Стокхолм, е избран нов Управен Одбор и нов Претседател за следната година. На собранието беа презентирани извештајот за работата на братството како и извештајот на ревизорот за минатата година.
Братството „Свети Јован“ започна со работа во Малме на почетокот на годината, што е наменето да биде Центарот за братство во јужниот регион на Шведска. Во мај, група членови од Стокхолм дојдоа во Малме за да го прослават, заедно со членовите на Малмe, почетокот на работата во областа и очекувањата беа големи.