ПРОСЛАВА НА ГОДИШНИНА НА БРАТСТВОТО
Стокхолм 2019.01.21
Во прекрасниот амбиент на ресторанот „Van der Nootska palatset“, сместен во автентичната палата изградена од шведската благородничка фамилија Ван дер Нот, во 1672 година во јужниот дел на Стокхолм, Братството на Свети Јован свечено го прослави својот патрон, Свети Јован Крстител. Покрај редовните членови на Братството, годинашната прослава собра повеќе од 60 пријатели на ова добротворно православно здружение, кое веќе петта година успешно работи низ целото Кралство Шведска. По церемонијата за подигнување на знамето, гостите беа пречекани со топли зборови на добредојде од претседателот на братството, Драган Парезановиќ. Во своето обраќање пред присутните, г-дин Парезановиќ се осврна на работата на Братството во текот на изминатата година, посочувајќи дека многу од планираните задачи биле успешно завршени и дека, во меѓувреме, се во тек голем број на нови проекти кои активно се спроведуваат.
Покрај овие стипендии, професор д-р Јован Антовиќ од Институтот Каролинска најави дека, по едногодишна пауза, ќе се додели една стипендија на Тамара Николиќ Туниќ од Србија. Стипендијата е за пост-докторски студии во Шведска од фондот за стипендии именуван по д-р Антовиќ.
Во текот на вечерта присутните ги забавуваше семејното трио „Amvon“ од Стокхолм со својата музичка програма. Покрај одличните кулинарски специјалитети, годинава на гостите им се служеше и вино „Свети Јован“ произведено од винаријата „Камник“ од Македонија за потребите на Братството.
Пишува: Душко Топаловиќ