ѝ

МИР БОЖЈИ - ХРИСТОС СЕ РОДИ

СТОКХОЛМ 2021-01-07 Г.ПОПОВ

“Ете, девојка ќе затрудни и ќе роди син и неговото име ќе биде Емануел“, што во превод значи “Бог е со нас“. (Мт 1,18-25)

Со поздравот: Христос се роди! - ние веруваме и се исповедаме дека во Бетлеем се роди Христос, син Божји, по Неговата желба! Да ги отвориме нашите срца денеска, да ги исчистиме и да ги претвориме во прибежиште на Бог, за да може Христос или Емануел што значи “Бог е со нас“, навистина да биде во нашите срца. Денеска и во сите овие празнични денови да бидеме домаќини на Господ Бог. Да го примиме и поздравиме во нашите домови.

Нека ве носи кон среќата љубовта Божја и неговата рака, помолете се и прекрстете се, бидејќи денеска Христос се роди! Со тие зборови Братството Свети Јован, на сите верници што денеска го слават Божиќ по Јулианскиот календар, им посакува се најдобро со поздравот:

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ - ВАЈСТИНА СЕ РОДИ!