Добредојдовте на официјалната веб-страница на братството „Свети Јован“ во Шведска.

Свети Јован се повеќе се споменува во врска со разни корпоративни мрежи, добротворни цели и спортски настани или кога се доделуваат грантови во Шведска. Братството значително се зголеми во текот на изминатата година и расте интересот од нови членови. Нашето братство почива на христијански основи, а Свети Јован е заштитникот на Братството. Членовите на братството потекнуваат од многу различни култури. Ние немаме никакви барања членовите да се со посебна професионална позадина, меѓу нашите членови има самовработени, вработени во приватниот и јавниот сектор како и политички активни. За нас е многу важно е да се има силна волја за личен развој за да се постигне поголема свест и да се стремиме да живееме морален и пристоен живот. Традиционалните вредности се сметаат за многу важни во рамките на Редот.

Живееме во динамичен свет кој се менува со брзо темпо, каде важни основни вредности се опустошени во општеството и отстапуваат место на повеќе декадентен начин на живот. Денешната стресна личност живее со големо темпо и нема време да размислува за животното значење и цели. Во нашиот Ред членовите наоѓаат оригинална заедница и внатрешен мир што на сите нам ни е потребен.
Нашите членови се наоѓаат низ цела Шведска, но исто така и надвор од границите на кралството и соработуваме со братски организации во неколку други земји.
 
Ако сметате дека Братството е нешто за вас, повелете и контактирајте не.